Oпис
Дејство: Азотот има многу голема улога при формирањето на вегетативната маса кај земјоделските култури. Влегува во состав на разни органски соединенија, учествува во голем број физиолошко-биохемиски процеси во растението, како и во оксидоредукциските процеси, од кои зависи општиот раст, развој и плодоносење кај растенијата.
Начин на примена: Може да се применува во градинарството, цвеќарството, полјоделството, како и кај лозаро-овоштарското производство. Ѓубривото може да се употребува како преку почва преку системи за наводнување, така и фолијарно преку лист. За фолијарна апликација се препорачува да се употребува во концентрација од 0,2-0,5% раствор.
Хемиски состав: 17-18% N
Пакување: 1L;
Mислења
There are no reviews yet.