Грав Тетовац 200g Institut za povratarstvo Србија

110.00ден

Тетовац е растение со низок раст, средно-бујна сорта, со висина околу 45-50см. Листовите се големи, светло зелени. Цветот е бел, голем, кој најчесто се јавува во групи од по 3-4 цветови. Мешунката е во облик на сабја, долга околу 12-15см. Зрната се бели, во форма на бубрег. Апсолутната маса на семето се движи од 550-600 гр.

Категорија

Oпис

Гравот е едногодишно растение.Гравот има исклучителна енергетска вредност, а ги содржи и скоро сите есенцијални аминокиселини. Покрај тоа, содржи и лецитин, но и минерали како калиум, калциум, железо, фосфор, магнезиум, цинк и натриум. Претставува одличен извор на протеини, а за разлика од другите извори на протеини, гравот има многу малку масти, не содржи заситени масни киселини, ниту пак холестерол.
Тетовац е растение со низок раст, средно-бујна сорта, со висина околу 45-50см. Листовите се големи, светло зелени. Цветот е бел, голем, кој најчесто се јавува во групи од по 3-4 цветови. Мешунката е во облик на сабја, долга околу 12-15см. Зрната се бели, во форма на бубрег. Апсолутната маса на семето се движи од 550-600 гр. Ова е рана сорта, која до физиолошката зрелост и се потребни 85 дена. Отпорна е на вирусот обичен мозаик на гравот (Bean common mosaic virus) и е толерантна на антракнозата (Colletotrichum lindemuthianum). Наменета е за одгледување во чиста култура, но може да се одгледува заедно и со пченка наизменично или во исти ред, само пченката не треба да биде густо насеана.
Пакување: 200g

Mислења

There are no reviews yet.

Be the first to review “Грав Тетовац 200g Institut za povratarstvo Србија”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *